„Дознаваме од извори во СДСМ дека од оваа партија во Владата најверојатно ќе останат на функција само вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тоа значи дека функцијата ќе ја напушти и министерката за образование и наука Мила Царовска, покрај веќе најавеното заминување на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.“ – објавува ТВ 21 во својата вест со наслов „Се очекува малкумина актуелни министри од СДСМ да останат во новата Влада, други си заминуваат?!“
ТВ 21 дополнува: „Од актуелниот состав на СДСМ во извршната власт се очекува да заминат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.“





