ТВ 21: Лекарот што ги остави пациентите и побара прошка од нив (ВИДЕО)

„Денеска е последен ден за мене  бидејќи сум разочаран. Барам прошка од 532 мои пациенти“ 



Вака ја заврши својата 3 годишна работа како општ лекар, Сали Садику од велешко Јаболчиште.

Тој е принуден да ја затвори оваа амбуланта поради разните притисоци и многу други фактори, како и поради неисплатените средства од ФЗО.

-Со пречки од директорката на социјално и од други лица чии имиња не сакам да ги спомнам, секоја медицинска сестра која доаѓаше кај мене, заминуваше бидејќи добиваа закани по живот.-вели Садику.

Решението на проблемот го гледа на печалба, надвор од земјава.

-Мојот пат е ист како на сите други, но не од желба туку од незадоволство. Јас сум обврзан да тргнам кон патот на печалбата.

Каде ќе одите?

-Имам две опции, Белгија или Германија-вели Садику.

Но, директорот на ФЗОМ Орхан Рамадани, вели дека од таму немаат никаков долг кон лекарот и дека за оваа година му исплатиле се.

-Врз основа на картичката, можеме да видиме дека во електронскиот систем на фондот, јасно се гледа дека сите фактури се платени, и за третиот и за вториот месец. Платени се на 12.04.2019 година. Фондот доби информација од страна на лекарот кој сакаше да го раскине договорот, бидејќи од регионалната единица на фондот во Велес, отишле и констатирале фактичка состојба. Истата сума е платена пред две недели-вели Рамадани.

Еден 70 годишен старец заминувањето на лекарот го доживеа многу тешко.

-На среде ноќ доаѓаше да не прегледа. Кога му се јавував, доаѓаше без проблем.

Прашање: Знаете ли дека ја затворил амбулантата?

-Знам. Сега треба да одам до Велес, многу е далеку, над 1 час.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, велат дека за 8 години, 1200 лекари ја напуштиле земјава. Тие велат дека бројот на лекари кои си заминуваат од земјава за да работат во европските држави е пораснат за 20% во последниве години.