„Основниот суд во Тетово донесе одлука да им се изрече мерка 8 денови притвор на петмината приведени по протестите во Тетово. Оваа информација ја соопшти адвокатот на Блерим Ахмеди, организаторот на протестите за поддршка на жртвите во пожарот на модуларната болница. Петтемина лица се соочија и со кривични пријави под сомнение за ‘учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие’, а тројца од нив се сомничат и за ‘напад на службено лице во вршење на работи за безбедноста.“ – објавија ТВ 21 и информативната агенција на албански јазик ИНА.
ТВ 21 дополнува: „Приведените и против кои има кривични пријави се: 31-годишник од кичевско Туин, 52-годишник од Мала Речица, 33-годишник од тетовско Вешала и двајца тетовци на возраст од 33 и 30 години. Судирот со полицијата се случи во момент кога демонстрантите се упатија кон седиштето на Демократската Унија за интеграција во Мала Речица, при што беа спречени да влезат во објектот. Група млади лица го продолжи маршот кон Мала Речица, при што насилно се обидоа да го поминат полицискиот кордон. Беа повредени четворица полицајци.“



