„ Германија ќе даде поддршка за ЕУ, но одлука за датум за преговори во јуни нема да има, бидејќи Европа има многу побитни теми“ пренесува ТВ21 мислење на германски пратеник од фракцијата на ЦДУ кој побарал да остане анонимен.
Изворот на ТВ 21 вели дека „можеби во октомври Советот на ЕУ да донесе одлука за датум, доколку ги убедите Франција и Холандија, но тој датум би паднал во календарот на 2020 година, и првата меѓувладина конференција со ЕУ би се одржала за време на претседавањето на Хрватска со ЕУ.
Преговорите за членство би траеле околу 9 години”, вели германски пратеник од Бундестагот, пренесува ТВ21.





