„Царинската управа тајно и без медиуми прослави 30 години од постоењето. На прославата од испратениот готов текст и фотографии може да се забележи дека присутни биле премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за финансии Фатмир Бесими.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Царина тајно и без медиуми прослави 30 години – а таму министри, премиер, претседател на држава…“
ТВ 21 пишува: „Се обративме до лицето одговорно за односи со јавност. Добивме информација дека станувало збор за затворен тип на настан и таков бил протоколот. Од испратените фотографии може да се забележи дека на настанот присутни се само владини сниматели и фотографи.“
„Рекреативци до редакцијата на ТВ21 се пожалија дека биле бркани од кејот на Вардар, поради одржувањето на свеченоста и безбедноста на гостите.“





