ТВ 21: „Ахмети во 2014 со изјава дека ‘Украина не е далеку од Македонија’ – денес вели оти е ‘загрозен мирот во регионот“

„На прашање на ТВ21 лидерот на ДУИ Али Ахмети ја коментираше неговата изјава дадена во 2014 година кога кажа дека ‘Украина не е далеку од Македонија.“ – објави ТВ 21.

На својот интернет-портал ТВ 21 пишува: „Ахмети вели дека оваа изјава после 8 години може да наличи на шега, но и оти сегашната ситуација тргнала кон лошо. Според зборовите на Ахмети, мирот е денес загрозен не само во регионот, туку и во целиот свет. ‘Можеби кажаното изгледаше како шега, но навистина, пред 8 години имав видено анализа на странски истражувачи и работите тргнаа кон лошо. Денес е загрозен мирот на целата планета. Да бевме попретпазливи во годините, што останаа зад нас, можеби ќе имавме попрогресивни случувања.’ – рече Ахмети.“