„Лидерот на ДУИ Али Ахмети не е за предвремени парламентарни избори. ‘Изборите не се решение. За нас е приоритет е да го завршиме спорот со бугарската страна.’ – рече Ахмети во дебатната емисија ‘Клик Плус’ на ТВ 21“ – објави ТВ 21.
На својот интернет-портал оваа телевизија ги пренесува ставовите на лидерот на ДУИ, изнесени во оваа емисија: „На прашањето дали може да се формира Влада без ДУИ, нејзиниот претседател одговори: ‘Имало обиди за ова, но не профункционирало.“
„Првиот интегративец во студиото на ТВ21 зборуваше и за проблемот со Бугарија, изнесувајќи дека до крајот на месецот се чека решение со Бугарија. ‘Ако успееме да го смениме уставот, ќе бидеме многу блиску до решавањето. Но, сега ако успееме.’ – дополни Ахмети. Запрашан дали ова значи дека веќе е нешто договорено со Бугарија, па недостасуваат само уставните измени, Ахмети кажа: ‘Ние не знаеме дека постои договор. Нема објавен Договор…“
„Од стратегиски аспект лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски направи погрешен чекор со бојкотот, кој не е најдобар начин на решавање на проблемот. Бојкотот не е филозофија, што се поддржува од земјите на западната демократија. Напротив, остава лоша слика на самата партија и јавно велам дека треба да се повлече од…“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети запрашан во ‘Клик Плус’ каква порака има за Христијан Мицкоски.“
„Како глувци ќе влезевме по дупки, еве каде е Украина. Тие ракети не се знае на каде одат. Денес си членка на НАТО. Ако некој те чепне, 30 земји стојат зад тебе, зад нашата република. Ако една земја членка на НАТО е во војна, ти денес имаш обезбедено мир, стабилност и безбедност. А и со решавање на бугарското прашање обезбедуваш иднина. Зборувавме за ова претходно, за тоа кои се предностите од членството на земјата во ЕУ/’ – вака одговори лидерот на ДУИ Ахмети, откако беше запрашан за војната во Украина и членството на с.Македонија во НАТО.“
„Али Ахмети вчера од студиото на ТВ21 побара отворање национален фронт кон корупцијата и криминалот. ‘Има корупција, има крадци. Дајте да ги фатиме. Кој е тој функционер, кој злоупотребува? Не велам дека нема но ајде, нека отвориме национален фронт. Знаете ли само колку заеднички јазици наоѓаат луѓето, што се занимаваат со лоши работи? Тие се прават мултиетнички. Бугари, Албанци, Македонци. Сите напредни сили не можат да постигнат една спогодба. Да се бориме против корупцијата, против криминалот, против лошото, дајте да ги пријавиме. Има милионери, станале милионери, како станале такви? Кој биле вчера, а кои се денес? Не сум против ова. Нека се почне со мене…’изјави Ахмети.“
„Тој рече до моментов кај него не е пријавен ниту еден случај на корупција, во кој е вмешан член или функционер на партијата. ‘Кај мене не е пријавен ниту еден случај. Јас побарав во Специјалното обвинителство, верувајте, ова е од срце, побарав во Општото обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво. Почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене. Ние бараме да има ветинг во судовите, обвинителството, во полицијата и за сите политичари. Сите да се вклучат во ветингот.’ – изјави Ахмети и ги повика и медиумите да се вклучат во тоа и да истражуваат.’
„Али Ахмети 20 години е на власт и е прв човек во ДУИ. Тој беше запрашан колку се збогатил за овие 20 години. „ Од 2002 година имам имот, богатство кое ми го остави татко ми. Но, зборувајте со мојата сопруга колку сум заработил за 20 години. Одете, зборувајте со банките, прометот е легален, правете го тоа отворено.“,
„Според Али Ахмети, ‘младите се иселуваат, оти гледаат дека другите своите деца ги шетаат со хеликоптер!’ Тој вели: ‘Не дека нема работа, а јас нема да кажам дека ќе направам фабрики и сите ќе се вработат. Не може да кажеме дека тие што бегаат не се патриоти, туку тој бега за подобар стандард, затоа што гледа дека соседот прави свадба 10, 20 или 50 илјади или синот го шета со хеликоптер и кога оди дома сите му се качуваат на врат дека ете тој е вреден а ти не си за ништо. Не е нереализирано може да се реализира, тоа е во наши раце, се затвараат неколку проблеми, се затвара прашањето со Бугарија, да се отворат преговорите и да се создаде националниот фронт против злосторниците, против криминалот, корупцијата. Друга алтернатива немаме.’ – посочи Ахмети во студиото на ТВ21.“
„Ахмети рече дека ‘болно го доживува тоа што ниту Мицкоски, ниту албанските партии му честитале за роденденот на ДУИ’. ‘’За 20 години не сме изгубиле во ниту еден изборен циклус. Ова не го направив сам. Свесен сум дека имаме уште многу да направиме. Јас ова го направив со пријатели, го направив со луѓе. Мене ми се паднало во овие 20 години да бидам лидер на ДУИ, но јас имам десетици и стотици соработници. Многу ми е жал, што опозициските партии се занимаваат со ситници, а не со суштински прашања. Не може да ме поразите мене. Зошто организирал концерт ДУИ! Па, славел роденден.“ – објави ТВ 21.
.





