Тутунот скапува по амбарите – Зошто откупувачите не го купуваат како што се договориле?!

Откупните компании не сакаа да го откупуваат тутунот иако дел од тутунарите сакаа да го предадат и по ланските цени. Со овие обвинувања денеска излегоа повеќе Здруженија на тутунари, како и Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија кои обвинија дека со ова се крши законот и запрашаа зошто нема реакции од Државниот земјоделски инспекторат или Министерството за земјоделство, пренесе Сител. Побараа одговор кој наредил да не се откупува тутун.



Кога се зборува за историски највисоката цена на тутунот треба да се спомене и производствената цена на килограм тутун, која, исто така, е историски највисока, забележуваат некои од тутунарските здруженија во земјата што не се задоволни од понудената цена. 

Некаде се носи тутун, а некаде не, но и тој што се носи не им го откупуваат со образложение дека наредиле да не го откупуваат. Во овој момент ги прашувам надлежните, Министерството, нека кажат зошто не се купува тутунот и по која цена ќе го купуваат? Еве јас лично како претседател на „Мице Козар“ денеска 17 картони тутун однесов, не ми го откупуваа ни Секе, ни Кавадарци, со образложение дека им рекле да не откупуваат тутун“, вели Злате Даноски, претседател на здружение на тутунари „Мице Козар“ од Прилеп.

Тутунарите велат дека остануваат на барањето за покачување на цените, но дел од земјоделците кои имале разни долгови биле приморани да го дадат тутунот и по старите цени иако не се согласувале со нив. Кога ќе се постигнела новата цена, бараат да му се доплателе предадените количини. Здруженијата се пожалија и дека немаат пари да ги поверниците кои чинелеи пчо 5.000 евра дневно. Од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија побараа итно зголемување на ланските цени и итно започнување со откупот на тутун.