Од понеделник ќе се стопираат вагите и откупните центри со нереална процена на тутунот и нема да дозволиме тутунарите да бидат оштетени, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.
„Катастрофално, значи тутунот се откупува нереално. Проценка во трета и четврта класа, високи одбитоци до 10%, реалноста еве ја, една кутија цигари 100 денари, исто како еден килограм сув тутун. Тоа во моментот се случува, грабеж на тутунопроизводителите, масовен грабеж.
Владата мора под итно да најде решение, да не заштити и да не дозволи под 200 денари да се движи цената. Огромна маса на незадоволство ќе им се случи во недела, а од понеделник низ сите градови во државата каде се произведува тутун. Значи да не дозволат да преземаме порадикални мерки“, изјави Игор Мирчески, тутунопроизводител за „Сител“.
Дел од тутунарите кои сами се организираа на социјалните мрежи најавија предупредувачки штрајк за утре во Прилеп.






