Тутунари го молат министерот за земјоделие да им плати за ланската реколта за да опстанат

Се наоѓаме на самиот праг на новата тутунска производна сезона …
Следува период на големи вложувања, покрај секојдневните високи животни трошоци изложени сме и на трошоци поврзани со производството на расад и припремање на нивите …



Оваа порака ја упатуваат македонски тутунари кои се плашат дека без исплата на ланските субвенции нема да можат да опстанат.

,,Сега сме во период кога субвенциите ни се најпотребни ..
Затоа во име на здружението Тутунска Надеж го упатувам ова
-Јавно обраќање до министерот за Земјоделие ,шумарство и водостопанство, господинот
Љупчо Николовски”, се вели во апелот.

,,Почитуван, соочени со високите животни трошоци како и трошоците за старт на новата производна сезона тутунарите се на работ на егзистенција и секој ден се’ повеќе се наметнува потребата од реална помош …

Затоа во име на Тутунска Надеж а за доброто на сите тутунари ве молам да смогнете сили и да овозможите неодложна, брза исплата на субвенциите за минатогодишната реколта..
Сите ние заедно се надеваме на позитивен одговор и очекуваме брза исплата ..”, стои во пораката од тутунарите до министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Предходно министерот тврдеше дека субвенциите се исплаќаат редовно.