Претседателот на Европски совет, Доналд Туск, пријатно изненади со обраќањето на македонски јазик на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев по меѓусебната средба денеска во Скопје.
Во голема мерка погодувајќи го изговорот, посебно третосложното акцентирање, Полјакот на чело на институцијата на Европска унија што во јуни треба да решава за препораката од Европска комисија за почеток на преговори со Македонија и со Албанија, звучеше подобро од многу домашни политичари.
Туск изјави дека чувствува промена во политичкиот менталитет во Македонија и политичка волја за придвижување на евроатлантските интеграции. Тој ѝ се заблагодари на Македонија, со чија посета ја завршува турнејата низ земјите на Западен Балкан, за солидарноста со Унијата во борбата против тероризмот и екстремното насилство.
Првиот човек на Европски совет, кој го сочинуваат шефови на држави и влади на земјите-членки на ЕУ и претседателот на ЕК, вети понатамошна поддршка за земјава од Унијата во спроведувањето на реформите.
Обраќањето на Туск на македонски е 8:05 минути од почетокот на видеото:





