Туск призна дека соработувал со македонска тајна служба во 2015

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск јавно призна дека соработувал со македонските тајни служби за време на мигрантската/бегалската криза во 2015 и 2016 година и дека Македонија била употребена во преговорите на ЕУ со Ципрас и Ердоган при подготвувањето на договорот со кој Анкара се обврза да ги запре бегалците од Блискиот исток.



Во интервју за полскиот дневен весник „Газета виборча“ еден од првите тројца луѓе на ЕУ вели дека Македонија била клучот за надминување на мигрантската криза и дека тогашното официјално Скопје биле клучот за преговорите со Грција и Турција.

Туск вели дека во тоа време поминал доста време на Балканот, а особено во Македонија каде со службите работел на надминување на проблемите со мигрантската криза.

„Привремено решение на мигрантската криза беше најдено со договорот со Турција што се однесува на враќањето на мигрантите. Но, ЕУ стана заложник на Ердоган, кој во секој момент може да ги отвори границите и да ја преполни Европа со мигранти. Тогаш на Ердоган му кажав дека границата на Македонија може да биде силно затворена за евентуален таков бран. Ердоган виде дека ние не блефираме со тоа“ вели за весникот Туск според кого
во преговорите со Ердоган и со Ципрас, зависел многу од информациите на македонската служба со која соработувал.

Првиот човек на Европскиот совет не открива за која македонска тајна служба се работи ниту пак кои македонски претставници му помогнале да ја спаси ЕУ од бегалската криза. Во тој период Туск во неколку наврати ја посети Македонија.

Во интервјуто Туск објавува дека во Брисел сега нема импулс за проширување на ЕУ во Западниот Балкан, пренесува MKD.mk