Претседателот на Европски совет, Доналд Туск, изјави дека патот до членството во Европска унија за Македонија и за Албанија ќе биде тежок.
Полјакот повика за вложување дополнителни напори во однос на владеењето на правото и во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Првиот човек на институцијата на ЕУ што ги опфаќа шефовите на држави или на влади на земјите-членки, како и претседателот на Европска комисија, која во јуни ќе решава за препораката за почеток на преговори со Македонија и со Албанија, денеска од Тирана ја почна еднонеделната турнеја низ Западен Балкан.
Минатата недела Европска комисија како извршен орган на ЕУ соопшти дека Македонија и Албанија забележале доволен напредок за да почнат преговори за членство во Унијата.
ЕУ и балканските лидери ќе се сретнат на самитот на 17 мај во Софија.





