Туск: Конфликтите со Полска и Унгарија се закана за распад на ЕУ

Конфликтите на Полска и Унгарија со Европската унија може да доведат до распад на блокот, предупредува поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, пренесе Ројтерс.



Коментарот доаѓа во време на продлабочување на разликите меѓу двете земји и ЕУ околу демократските стандарди на блокот. Брисел е во спор со Варшава и Будимпешта за прашања како што се независноста на судството и слободата на медиумите.

Конфликтот се продлабочи оваа недела откако полскиот Уставен суд донесе одлука земјата да не ги спроведува пресудите на Судот на правдата.

Од своја страна, Европската комисија започна кривична постапка против обете страни во врска со правата на ЛГБТ заедницата.

„Ако има повеќе земји кои инсистираат да и наштетат на Европската унија, тоа едноставно може да стави крај на таа организација“, рече Туск, кој се врати во политиката како лидер на најголемата опозициска партија во Полска, „Граѓанска платформа“

Според анкетите, повеќето Полјаци го поддржуваат членството на земјата во ЕУ. Покрај тоа, не постои правен механизам за исклучување на земјите од блокот. „Ние нема да ја напуштиме ЕУ утре, и блокот нема да се распадне задутре. Ова се процеси што можат да траат со години”, објасни Туск.