Туск, Јункер и Борисов го канат Тачи на самит во Софија

Косовскиот претседател Хашим Тачи добил покана од Европската унија и од Бугарија да учествува на состанокот ЕУ-Западен Балкан во Софија, кој ќе се одржи на 17-ти мај, пишува приштинскиот весник „Експрес“



Весникот тврди дека поканата е потпишана од претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и од бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Претходно беше објавено дека на Самитот ќе присуствува косовскиот премиер Рамуш Харадинај, но тој ќе допатуѕва ден подоцна, на Виенскиот економски форум чиј домакин исто така е Софија, јавува БГНЕС.

Присуството на претставник од Косово го проблематизираше одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија зашто Шпанија стави вето на предлогот за заедничка декларација напиша кон крајот на април шпанскиот „Ел Паис“.

Причината е што шпанскиот премиер Маројано Рахој сакал неговото име и потпис „да не најде во ист документ, на исто ниво со лидерот на Косово“, чија независност Шпанија не ја признава.

Шпанскиот премиер ќе биде присутен само за време на работната вечера со другите водачи на ЕУ закажани за првиот ден од Самитот.

Независноста на Косово не ја признааваат пет членки на ЕУ, но Романија, Грција, Кипар и Словачка изразиле „подготвеност да го прифатат заедничкиот текст на декларацијата ако Шпанија не се побуни“.