Туск: Има место во пеколот за оние кои се за Брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска зборуваше за „посебно место во пеколот“ за „оние кои промовираат Брегзит без дури и скица и план за тоа како безбедно да го спроведат“.

Изјавата Туск ја даде по разговорите со ирскиот премиер Лео Варадар во Брисел, а неговите зборови беа дочекани со гнев од британски пратеници кои го обвинија за ароганција, пишува Би-би-си.



Од британската влада прашаа „дали смета дека употребата на тој вид јазик е корисна“, а официјалниот портпарол на премиерот го потсети Туск:

„Имавме стабилна и жива референдумска кампања во оваа земја. Во она што беше најголемо практикување на демократијата во нашата историја, луѓето гласаа да ја напуштат ЕУ“ и го повика Туск да се фокусира на тоа.

Поранешниот лидер на еброскептичната британска партија УКИП, а сега независен европратеник, Најџел Фараџ, напиша на Твитер муу возврати на Туск:

„По Брегзит ќе бидеме ослободени од неизбраните, арогантни насилници како тебе и ќе ја водиме нашата сопствена земја“.