Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, на Твитер кусо соопшти дека имал телефонски разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Во разговорот со Христијан Мицкоски, лидер на нашата партија членка ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме за последните трендови на КОВИД-19 во земјата и политичките предизвици.
Се’ што треба да се направи треба да биде во најдобар интерес и заштита на граѓаните“, напиша Туск на Твитер.






