Турски бојкот за американските ај-фони

Претседател Реџеп Тајип Ердоган најави бојкот на американските електронски производи како одговор на економскиот притисок на Вашингтон врз Анкара по затворањето на американски пастор во Турција.



„Во тек е економски напад врз Турција. Претходно такви работи се правеа во тајност, а сега тие се отворени. Ние можеме да реагираме на два начина: економски и политички “, рече Ердоган денес во Анкара.

„ …ќе ги бојкотираме електронските производи од САД. Тие имаат iPhone телефони, но од друга страна постпои и Samsung. Имаме наш локален бренд  Venus vestel, ќе го користиме “, додаде турскиот претседател.

Цените на акциите na турскиот производител на електроника вестел нагло се зголемија по коментарите на Ердоган.