Tуристичкиот сектор утре на протест, бара спас во време на корона

Туристичките агенции најавија протест кој ќе се одржи во текот на утрешниот ден, поради, како што велат молкот на институциите по нивните барања за спас на секторот во време на пандемија.



На притестот закажан за утре во 16 часот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе се движат од пред Дрво Декор, местото од каде некогаш започнуваа реализациите на нивните тури, а ќе продолжи кон Кочо Рацин, 11-ти октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булевар ВМРО, булевар Илинден, до Владата.

„Доколку државата не ни даде помош ќе бидеме приморани веќе во наредните денови да ставиме катанци на нашите врати. Овој протест нема никаква политичка позадина и строго се оградуваме од било каква поврзаност“, велат од туристичкиот сектор.