Туристи од Холандија тепале газда на вила во Охрид

Холандски туристи вчера  натепале газда на вилата во која биле сместени,  потврдија од полицијата.



„Вчера 21.05 часот во полициската станица во Охрид К.М. (69) од Охрид пријавил дека е нарушен јавен ред и мир со физички напад во вила лоцирана на ‘Кеј Македонија’ во Охрид. К.М. пријавил дека тој и неговата ќерка К.К. биле физички нападнати од гости во вилата В.Г.Е.Ј. и А.Т. од Холандија. В.Г.Е.Ј. и А. Т се приведени во полициската станица Охрид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од охридската полиција.

Холанѓаните се најбројни гости на охридската ривиера и не се памети дека некогаш имало ваков случај.

Извор: СакамДаКажам