Турција спречи 950 мигранти да влезат во Грција

Илегални мигранти биле уапсени од турската полиција додека се обидуваа да ја преминат границата со соседна Грција.



Групата од  950 лица се насочила кон Одринскиот вилает уште од четвртокот вечерта, откако во социјалните медиуми се појавија лажни вести, според кои Турција е подготвена да им дозволи да ја преминат границата со Грција.

Ирански мигрант, извесен  Али Хусеин потврдил дека “илјадници луѓе се организирале да ја преминат границата, откако на социјалните мрежи беше објавено дека турските гранични премини се отворени“.

Турција е главниот пат за илегалните мигранти кои се обидуваат да замуинат во Европа, особено по 2011 година кога почна граѓанската војна во Сирија, потсетува БГНЕС.