Десетгодишно девојче било пронајдено живо во 90-тиот час по земјотресот во Турција, се наведува во соопштението на градската противпожарна служба на Анталија. Првото нешто што го побарала по спасувањето било млекото, се вели во соопштението.
Хилал Саглам беше заробена под урнатините на зграда во провинцијата Хатај. Спасувачкиот тим „слуша звук под урнатините“ и успеа да ја спаси „како резултат на прецизна 7-часовна работа“, се додава во соопштението.
Повреденото девојче, кое со голема радост и аплауз го носеле на носилки, со возило на Брза помош е префрлено на лекување во болница, соопштија пожарникарите.







