Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе врзе две европски првенства, откако со победата над фаворизираната Турција од 3:1 во Скопје избори настап и на годинашниот континентален собир по дебито пред две години во Словенија.
„Црвено-жолтите“ го добија првиот сет со 25-19, а во вториот се вратија по 1-8 и израмнија на 17-17, но го загубија со 25-21.
Решавачки за победникот се покажа третиот сет, кој им припадна на избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ со 25-23, за во четвртиот да ја завршат работата со 25-18.
Капитенот Никола Ѓорѓиев со 24 поени и Александар Љафтов со 23 беа најдобри поединци на последниот меч во арената „Борис Трајковски“, во која Босна и Херцеговина не освои ни бод во четирите средби.
Иако со ист број бодови – по 9, Турција заврши прва во групата Ц поради подобриот сет-количник, но и двете селекции обезбедија пласман на ЕП без оглед на другите квалификациски групи што допрва треба да се одиграат.






