Турција нема да го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО алијансата додека овие две земји не ги преземат неопходните чекори, му порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Финска апелира Турција и Унгарија да дозволат…
Претседателот Ердоган рече дека потезите на Шведска и Финска ќе одредат колку брзо ќе биде процесот на пристапување и кога ќе заврши, пишува Гардијан.
Анкара ги обвини двете нордиски земји дека засолнуваат курдски милитанти, кои Турција ги смета за терористи, и одби да го ратификува пристапот на двете земји во НАТО алијансата, без оглед на договорот постигнат во јуни.






