НАТО-членката Турција би можела да се сврти кон Русија и со купување на борбените авиони „Сухој 57“ да ги замени очекуваните повеќенаменски ловци Ф-16, ако Конгресот на САД не ѝ дозволи на Анкара да ги купи.
Во напис во денешното издание на турскиот весник „Милиет“, близок до власта, се наведува дека Анкара барала од Вашингтон да ја одобри продажбата на 40 млазни повеќенаменски ловци Ф-16 Блок 70 и 80, како и 70 комплети на опрема.
Ако барањето не биде одобрено, Турција ќе бара алтернативни решенија, меѓу кои е и набавката на руски воени авиони Су-57.






