Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција, јавуваат агенции.



Претседателот Таип Ердоган уште во март објави дека земјата земјата ќе го напушти меѓународниот договор за спречување на насилство врз жените во март, што предизвика остра реакција кај многу турски граѓани и западни сојузници.

Илјадници беа подготвени да протестираат во Турција откако оваа недела беше одбиена тужбата за прекинување на повлекувањето од конвенцијата.

Претседателката на Федерацијата на здруженија на жени на Турција, Канан Ѓјулу е категорична дека борбата против одлуката на Ердоган ќе продолжи.

Истанбулската конвенција, договорена и потпишана во 2011 година токму во Турција, ги обврзува потписниците да спречат и да го санкционираат семејното насилство и да промовираат еднаквост.

Повлекувањето од конвенцијата наиде на осуда и од Соединетите држави и од Европската унија, ставајќи ја Турција уште подалеку од блокот во кој се приклучи во 1987 година.

Но, повеќето конзервативци во Турција велат дека пактот ги поткопува семејните структури кои го штитат општеството.

Некои исто така ја сметаат Конвенцијата за документ што ја промовира хомосексуалноста преку нејзиниот принцип на недискриминација заснована на сексуална ориентација.

Ердоган, пак, убедува дека повлекувањето од конвенцијата нема да доведе до никаков правен или практичен недостаток во спречувањето на насилството врз жените…