Границите за мигрантите кои патуваат кон Европа ќе останат отворени сè додека Европската Унија не ги исполни очекувањата на Анкара во врска со мигрантскиот договор од 2016 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Со договорот од 2016 година Турција се обврза да го спречи приливот на мигранти и бегалци, за чија грижа требаше да добие шест милијарди евра, трансфер на мигранти кон земјите од ЕУ за бегалците, забрзување на преговорите за членство во ЕУ и укинување на визите за турските државјани.
Малку, односно помалку од ништо од ова беше исполнето
Ердоган најави дека Турција ќе достави нои предлози до Европската Унија пред самитот на блокот закажан за 26 март, пренесува „Ројтерс“.





