Турција ќе го почитува договор за набавка на одбранбен систем од Русија, објави Анкара денеска откако американски сенатори предложија забрана за испорака на борбени авиони Ф-35 доколку Турција го игнорира американското редуредување и го прифати рускиот систем С-400.
„Потпишавме договор. Овој договор е валиден [и] ние разговараме кога ќе биде испораката“, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, по состанокот со својот руски колега.
Американски сенатори вчера предложија нацрт-закон за забрана за испорака на борбени ловци Ф-35 од САД за Турција, додека американската влада не потврди дека Анкара нема да го купи рускиот систем С-400.




