По 19 месеци одложувања во кои Анкара бараше отстапки од Стокхолм, Комисијата за надворешна политика на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што е клучен чекор кон проширување на Алијансата.
На потег сега е парламентот кој за неколку недели треба да гласа за кандидатурата на Шведска, а турските пратеници многу веројатно ќего поддржат предлогот, пишува Ројтерс.
Потоа е очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да потпише со што одлуката на парлементот ќе стане закон.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година, а Анкара го ратификуваше барањето само за Финска.






