Турција ќе ги затвори Босфор и Дарданели за руските воени бродови

Анкара е подготвена да го ограничи пристапот на руските воени бродови во Црното Море поради тековниот конфликт во Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе Раша тудеј



„Сега не станува збор за неколку воздушни напади, ситуацијата во Украина е официјално војна… Ќе ја спроведеме конвенцијата од Монтре“, изјави функционерот за Си-Ен-Ен Турк.

Според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, која го регулира преминот низ теснецот на Црното Море, Турција може да ги затвори Босфор и Дарданели за воените бродови на која било нација која е во формална воена состојба, како и кога се чувствува загрозена од неизбежна војна.

Меѓутоа, земјата не може целосно да ги затвори теснецот, освен ако самата не е во воена состојба.

Анкара сепак ќе дозволи воените бродови, кои се враќаат во нивните матични пристаништа, да минуваат низ теснецот, истакна Чавушоглу.