Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Соjлу соопшти дека земјата ја напуштиле 135.844 мигрант, јави агенцијата Анадолу.



„До 9 часот наутро на 4 март, бројот на мигранти кои ја напуштија Турција во Грција преку провинцијата Едрене достигна 135.844“, изјави Сојлу.

Министерот, како „срамна и нелегална“ ја оцени одлуката на Грција да го прекине приемот на барањата за азил во период од еден месец.

Сојлу потсети дека Кабинетот на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации ги идентификуваше дејствијата на Атина како спротивни на Женевската конвенција за статусот на бегалците и правилата на европскиот закон за миграција и азил.

Анкара го осуди грчкото „насилство“ врз мигрантите откако вчера полицијата употреби солзавец да ги одврати во обидот да влезат на грчка територија, пренесе БГНЕС.

Шефот за управување со односи со јавност Фахретин Алтон го осуди ставот на грчките власти за мигрантите кои одат во Европа.
„Грција, која престана да прима апликации за привремен азил и употреби солзавец против мигрантите, не може да зборува за морал“, твитна Алтон.