Турција планира да испрати командоси во Косово на 4-5 јуни како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на алијансата КФОР (силите на НАТО) поради тензиите на северот на земјатасоопшти турското Министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс.
Министерството повика на воздржаност и конструктивен дијалог за решавање на кризата, за која рече дека може да и наштети на регионалната безбедност и стабилност.
„Планираме да ја распоредиме нашата доделена единица (баталјон командоси) на Косово на 4-5 јуни“, соопшти турското министерство.
НАТО одлучи да ја засили својата мисија од 4.000 војници во регионот со 700 дополнителни војници, откако 30 нејзини мировници на КФОР и 52 етнички Срби демонстранти беа ранети во судирите во понеделникот.
Немирите во северно Косово се случуваат по масовно бојкотираните локални избори од страна на Србите во општините на северот од Косово.






