Турскиот суд објави дека двајцата грчки војници кои беа затворени во Турција од март годинава се слободни, објави турската новинска агенција Анадолија.
Двајцата војници поминаа 5 месеци во турски затвор откако беа уапсени на 1-ви март бидејќи по грешка ја преминале грчко-турската границата во областа Еврос.
Апсењето на војниците беше причина плус за влошување на и без тоа затегнатите односи меѓу двете земји.
Во април официјална Атина ја одби понудата на турскиот претседател Ердоган за враќање на двајцата грчки војници, кои беа притворени во Турција на почетокот на март, доколку Атина ги екстрадира осумтемина турски војници кои побараа азил во Грција по обидот за државен удар во јули 2016 година.




