Турското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека презема неопходни правни мерки против изнесени ставови на социјалните медиуми во врска со девизниот курс на доларот што создава негативна перцепција за економијата, соопшти Ројтерс..
Од Министерството велат дека август се идентификувани 346 сметки на социјалните мрежи кои објавија коментари за слабеењето на лирата „на провокативен начин“.
Турската централна банка соопшти дека е подготвена да ги преземе „сите неопходни мерки“ за да обезбеди финансиска стабилност по пропаѓањето на лирата.






