Турција: Еден загинат во напад на автобус што превезувал затворски чувари

Бомбашки напад се случи за време на минување на службата на затворските чувари во Бурса.



Според првичните информации, во инцидентот загинало 1 лице, а 4 се повредени.

„Сметаме дека рачно изработената бомба оставена до столбот за струја активирана со далечински управувач при минување на затворското возило.

Едно лице загина, 4 повредени, од кои еден е потешко повреден. Ги очекуваме да пристигнаг министрите за внатрешни работи и за правда во Бурса. Инцидентот го оценуваме како терористички напад“, изјави гувернерот на Бурса, Јакуп Џанболат.Телма