Бројот на загинати во експлозија во рудник за јаглен во северна Турција се зголеми на 40, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Тој рече дека 11 повредени рудари се хоспитализирани, додека 58 рудари се спасени од рудникот.
Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез рече дека спасувачките напори во голема мера се завршени.
Несреќата се случи вчера во рудникот во градот Амасра на брегот на Црното Море, а во моментот на експлозијата во рудникот имало 110 лица, изјави министерот Сојлу, кој отпатува на местото на несреќата за да ги координира спасувачка операција, пренесе АП.






