Македонија уште еднаш доби поддршка од Турција за членство во НАТО, која турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја соопшти за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во Анкара.
„Ние сме приврзаници на проширувањето на НАТО и го поддржуваме влегувањето во Алијансата на Босна и Херцеговина, на Грузија и на Македонија“, изјави Чавушоглу во врска со претстојниот самит во јули во Брисел.




