Турската влада оваа недела покренува малку бизарна иницијатива за зајакнување на националната валута преку мотивирање на граѓаните да продаваат златен накит од своите домови.
Турците традиционално дел од имотот го чуваат во злато само за да се заштитат од инфлација и пад на вредноста на лирата токму поради искуствата со инфлацијата низ историјата.
Министерот за финансии Нуредин Небати вели дека владата на Анкара се надева дека најмалку 10 отсто од златото во вредност од околу 250 милијарди долари што го чуваат Турците „под душек“ ќе влезе во финансискиот систем.
Турскиот претседател Ердоган смета дека повеќе нема да биде причина граѓаните да купуваат девизи и злато за да го заштитат својот имот од инфлација и нагло губење на вредноста на домашната валута.
За потсетување, само во текот на 2021 година лирата загуби 44 отсто од вредноста во однос на доларот.







