Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во сообраќајна несреќа во турската провинција Хатај, објавија во саботата турските медиуми.
Според нив, возач на камион изгубил контрола над возилото на автопатот Искендерун-Антакија, влегол на коловозната лента и се судрил со автомобили кои чекале на бензиска станица.
Медиумите јавија дека повредените се пренесени во болници.
Од 31 повреден, тројца се во тешка состојба.






