Турци од Македонија со 50 автобуси кон БиХ за посетата на Ердоган!

Во Македонија владее голем интерес за работната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Босна и Херцеговина, најавена за 20 мај, според турската новинска агенција Анадолија.



Салих Утас, претседател на Унија на европски турски демократи (УЕТД) во Македонија, вели дека организирале заминување на заинтересирани на 6. Конгрес на УЕТД во Сараево на кој ќе присуствува Ердоган. Тој додава дека претставништвото на УЕТД во Македонија ќе учествува на Конгресот како и другите претставништва на оваа Унија во Европа, за кои „доаѓањето на Ердоган претставува посебна радост и среќа“.

„Нашите граѓани во Македонија веќе резервираа места, така што одовде ќе имаме близу 50 полни автобуси. Тука сакам да нагласам дека од 2.000 резервации околу 90 отсто ги сочинуваат наши браќа и пријатели од Македонија. Ако даде Господ, на 19 мај во вечерните часови сите заедно ќе тргнеме кон Сараево“, изјави Утас за Анадолија.

Тој очекува доаѓање на луѓе од Албанија, Косово, Црна Гора и од Санџак за, како што вели, во Сараево да ги поддржат Ердоган и Турција.