Кој сака да го убие Ердоган!?

Турската дијаспора и западните разузнавачи предупредија на обидот за атентат врз претседателот Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата претстојната посета на Босна и Херцеговина, објави вчера државната агенција Анадолу.



И западни разузнавачки агенции, исто така, ги информираа турските колеги за смртните закани на турскиот претседате.

Турската разузнавачка служба веќе спрведува темелна истрага.

„Овие предупредувања за атентат не се нови“ напиша турскиот заменик-премиер Бекир Боздаг на на Твитер.

Ердоган денес заминува во посета на Босна и Херцеговина, за време на кој ќе оствари разговори со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.

Според прес-канцеларија на турскиот претседтел, Ердоган ќе се обрати на големиот митинг на европско-турските приврзаници на неговата владејачка „Партија за правда и развој“ во Сараево,  како дел од кампањата за парламентарните и претседателските избори на 24-ти јуни.