Прашан дали ќе се дозволи отворање на нов бугарски Културен клуб во Охрид под името „Цар Борис“ министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека, за жал, како Министерство за правда практично немаат никакви ингеренции.
– Сведоци сте дека ја формиравме пред месец дена работната група или ад хок телото во рамките на Владата на Република Северна Македонија, која што треба како советодавно тело да дава сопствено мислење околу карактерот на историските личности коишто треба да бидат составен дел од името на некое здружение или фондација.
Чув дека постои таква најава, Комисијата е формирана и на последната седница е разговарано околу некои технички аспекти и тоа не е Комисија во рамките на Министерството за правда, туку е тоа владина комисија.
Јас верувам дека за кратко време ќе биде одржана нивната конститутивна седница, бидејќи имињата се познати и би требало таа комисија да почне со работа, односно да биде на ниво на задачата која што е поставена пред нив, изјави Тупанчевски. Фокус







