Екс министерот за правда професорот Никола Тупанчевски кој беше сменет од својата позиција за да се отвори министерско место за Кренар Лога од Алијансата за албанците дефинитивно заминува во Белград каде наредните 4 години ќе биде амабсадор на Македонија.
Српските власти по околу два месеци издале агреман за Тупанчевски по што тој заминува во главниот град на Србија.
Тупанчевски беше министер за правда само околу една година и беше сменет без никаква посебна причина но се повлече од тоа место мирно затоа што најверојатно како компромис му била дадена амбасадорска функција.
Инаку за другите амбасадори кои треба да се упатат во странство агремани од државите домаќини стигнале уште за Шпенд Садики, кој ќе биде амбасадор во Тел Авив, Израел.
Агремани од земјите домаќини се уште чекаат за кадарот на ДОМ Емил Крстевски за Прага, Џенек Сејфула за Стокхолм, Јасмин Ќахил за Варшава, Јакуп Реџепи за Сараево и Андреј Жерновски, кадар на СДСМ кој треба да биде амбасадор на Македонија во Букурешт, Романија.






