Министерот за правда Никола Тупанчески очекува во најскоро време да биде доставена нацрт-верзијата на предлог-законот за потекло на имот, но тврди дека и без него може да се открие незаконски стекнатиот имот на функционерите.



ВМРО-ДПМНЕ обвини дека 123 функционери од власта кријат 30 милиони незаконски стекнат имот

„Пред некој ден имав средба со претседателката на Антикорупциската комисија. Меѓу другите работи што се работат е и законот за утврдување на потекло на имотот и би требало првата драфт-верзија да биде готова. Очекувам во најскоро време да бидеме и ние како Министерство за правда, не само запознаени туку да дадеме и свој придонес. Меѓутоа, да не заборавам, тврдам дека освен тој закон односно пред да биде донесен, во моментов постојат инструменти и механизам за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот“,вели Тупанчески за „360 степени“.

Вели дека доцнењето со донесување на ваков закон не е до Министерството односно дека тие ја очекуваат работната група да ја даде првата нацрт-верзија.

Трајанов: Закон за потекло на имот како реприза на „Имаш куќа врати стан“

Претседателката на Антикорупциска, Биљана Ивановска вчера рече дека најавуваниот закон за потекло на имот ќе им ја олесни работата на антикорупционерите…