Тупанче го дава, Сали не го дава, нов обид на Ковачевски да си направи своја ,,Тиранска платформа”

Не запира обидот на премиерот Ковачевски да ја прошири владината коалиција со Алијанса за Албанците на Таравари со што во владата ќе ги собере сите партии што беа дел од втората Тиранска платформа штос се одржа пред десетина дена.



Според партиски извори деновиве Алијанса за Албанците од премиерот Ковачевски нова добила понуда за три министерски места и десетина други високи функции.

Двете министерските ресори кое се сметаат за посилни во владата а кои и се нудат на Алијанса се министерствата за здравство и за правда а едното послабо е министерството без ресор кое е одговорно за дијаспората.

Во ова сценарио ќе настрада министерот за правда Тупанчевски (нагалено наречен Тупанче) кој се смета за свој човек во владата односно за министер кој не е под директна контрола на ниту една фракција во СДСМ.

Ако Алијанса ја прифати последната понуда на Ковачевски и Ахмети актуелниот министер за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива ќе ја изгуби министерската фотеља, но ќе добие ангажман во дипломатијата како амбасадор во Каиро, Египет.

Заради задржување на Алтернатива на Африм Гаши, премиерот Ковачевски сака да го остави и понатаму Беким Сали на чело на министератвото за здравство.

Партиските извори тврдат дека без да го добие здравство кое и лично го загуби пред 5 години Таравари не размислува да влезе во владата.