Три илјади амандмани против он-лајн седници

Опозициските пратеници ги доставуваат планираните над 3 илјади амандмани на Предлог измените на Деловникот со кој се предвидува оние пратеници кои се заразени од Ковид-19 или се во изолација да можат да работат онлајн.



Предлогот до Собрание го достави спикерот Талат Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците, како и од Левица не се согласуваат со овој предлог, сметаат дека за тоа има уставни пречки, а може да доведе и до злоупотреба на системот во време кога се носат клучни закони.

Опозициските партии сметаат дека ова е маневар за обезбедување кворум на владејачките партии поради тенкото парламентарно мнозинство од 62 пратеници.