ТТ: Преговорите со ЕУ во втората половина од 2021!

Преговорите за пристап на Албанија во ЕУ можат да бидат одложени за вториот дел од следната година јавуваат медиуми во Тирана.



Тоа го покажува дискусијата меѓу министрите за надворешни работи на тројното претседателство на ЕУ и раниот нацрт-документ на Советот за општи работи, пишуваат дел од албанските медиуми.

Документот предвидува дека првата меѓувладина конференција може да се одржи оваа година во декември но во игра се и други датуми.

„Советот очекува да ја одржи првата меѓувладина конференција со Македонија и – доколку бидат исполнети условите поставени во заклучоците на Советот од март 2020 година – со Албанија, во декември 2020 година“, стои во декларацијата што според извештаите сè уште може да се промени.

“Сепак, постојат големи пречки за обете земји. Албанија сè уште треба да ги исполни клучните услови утврдени на 24 март 2020 година кога беше дадено првото зелено светло од ЕУ. Овие вклучуваат функционирање на Уставниот и на Високиот суд. Македонија, исто така, се соочува со значително противење од Бугарија во последните месеци во врска со прашањата за националниот идентитет. Советот ќе треба да се состане на 17 ноември за да разговара за рамката за преговори и за сетот заклучоци што се очекува да бидат одобрени на истиот датум. Ако не, тогаш прашањето ќе биде разгледано на Советот во декември”, пишува Тирана Тајмс.

Тирана тајмс во својот извештај зборува за втората половина на 2021 најверојатно поради тоа што од јули идната година претседавач со ЕУ е Словенија, една од малкуте земји членки која е заинтересирана на процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан