Трудо: Не можеме и не смееме да дозволиме Русија да победи

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека земјите од Г7 се свесни дека војната во Украина ќе трае долго и дека се подготвени да го поддржат Киев додека е потребно. За темпото на актуелната украинска контраофанзива, тој кажа дека лидерите на Г7 „секогаш знаеле дека војната ќе биде долг процес“.



„Секако од разговорите што ги имавме во Г7 и НАТО, ние сме подготвени за војна која ќе трае онолку колку што е потребно, бидејќи не можеме и не смееме да дозволиме Русија да победи“, рече тој во интервју за Блумберг.

Овие изјави се дадени во време на почетокот на преговорите меѓу Украина и Канада за билатерален договор за долгорочни безбедносни обврски.