Трудниците мораат веднаш да се вратат на работа, владата ја укина старата одлука

Откако вчера владата ја укинала одлуката со која бремените жени беа ослободени да доаѓаат на работа поради опасност да бидат инфицирани со Ковид 19, оваа категорија на граѓани треба веднаш да се врати на работа.



,,Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат”, се вели во владиното соопштение од вчерашната седница на владата.

Со оглед на тоа што во соопштението не пишува ништо за некакви рокови а одлуката е веќе укината вчера тоа значи дека бремените жени уште денеска требало да се вратат на работа.

Согласно законот ако во рок од три дена тие не се појавата на работното место можат да го загубат истото.

Останува нејасно зошто владата не дава некакви рокови за враќање ниту медиумски ја подготви оваа ранлива категорија граѓани за враќање на работните места и со тоа предизвикува сериозен стрес.

Трудници кои слушнале дека одлуката е укината но немаат целосно информации се прашуваат зошто владата не најавила однапред дека одлуката може да биде укината за тие да имаат време од барем неколку дена да се подготват за враќање на работните места.

Информацијата на владата каде се зборува и за укинување на одлуката за бремените жени во Ковид услови.

https://vlada.mk/node/28020