Трудна Стружанка добивала закани од иселеник во Австралија кој е повикан во полиција

На 19.02.2021 во 3:30 часот во Струга полициските службеници во полициската станица при ОВР Струга примиле пријава од страна на Х.А(27) од Струга.



Истата бидејќи бремена, плашејќи се за своето здравје пријавила дека дента околу 10 часот, но и во неколку наврати изминатите денови примила закани и навреди од страна на Б.Ш(47) по потекло од Струга, но преселен во Австралија.

Истиот бил повикан на распит во полициската станица, а против него постои можност да биде покрената кривична пријава за дело „Присилба“, “Загрозување на сигурноста“ и “Загрозување на здравјето“ .

Според извори во струшката полиција заканите биле упатени кон неа бидејќи фирмата чија што сопственик е нејзиниот маж не сакал принудно да ја препише, за што има сомневање и за казнено дело „Изнуда“ по член 258 од Кривичниот Законик, дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку една година.

Полицијата работи на расветлување на случајот.